Препознајте ја разликата: Дали е срцев удар или застој на срцето?

Фото: Профимедиа

И во двата слуачи треба веднаш да повикате Итна помош, а додека го чекате нивното доаѓање, со соодветна и правилна реакција можете да помогнете во спасување на животот на болниот.

1. Срцевиот удар не е исто што и застој на срцето.

2. До срцев удар доаѓа поради затнување на една од корнарните артерии. Во тој момент престанува виталното снабдување со крв на срцевиот мускул и, ако не се реагира навреме, срцето ќе престане да работи, бидејќи не добива доволно кислород.

3. До срцев застој доаѓа кога срцето на пациентот престанува да пумпа крв низ телото, поради што лицето престанува нормално да диши.

4. Често се случува лицата кои преживеале срцев удар да доживеат и застој на срцето. Тоа е така затоа што за време на срцевиот удар може да се развие опасен ритам на отчукувања на срцето, кој може да предизвика застој на срцето.

5. Срцевиот удар и застојот на срцето се итни медицински случаи заради кои мора веднаш да повикате Брза помош.

Срцев удар

Благодарение на научниците, денес се знае дека до срцев удар доаѓа поради појава на крвни згрутчувања во артериите. Таквото згрутчувања спречува доаѓање на крвта и кислород во срцевиот мускул, што предизвикува болка, чувство на силен притисок или чувство дека “горат“ градите. Чувството не е кај секоја личност исто – некој може да чувствува замо непријатност, додека други пациенти ќе претрпат силна болка. Срцевиот удар е проследен и со силно потење и чувство дека не може да се дојде до здив.
Лицето кое има срцев удар најчесто е при свест и дури само може да повика Брза помош. Доколку сте присутни додека лицето пред вас поминува низ наведените симптоми, повикајте 194. Додека чекате струлната помош да стигне, обидете се што поудобно да го сместите пациентот со срцев удар и да го смирите.

Срцев застој

Во текот на срцевиот застој, срцето престанува ефикасно да пумпа крв. До застој обично доаѓа поради потешкотии воо преносот на електрични сигнали во срцето. Последично, во мозокот престанува да пристигнува потребниот кислород, поради што лицето со срцев застој губи свест, а потешкотиите со дишењето може да се развијат од тоа да пациентот тешко диши, па се до целосно престанување на дишењето. Доколку сте присутни додека лицето покрај вас поминува низ наведените симптоми, веднаш повикајте Брза помош.

Иако срцето на лицето кое доживеало срцев застој не може да пумпа крв, вие тоа може да го направите додека чекате стручна помош. Започнете веднаш со постапка на оживување. Масажа на срцето и вештачко дишење може да го одржат пацинетот во живот додека да стигне Брзата помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот