Препознајте го малиот гениј: Овие знаци откриваат дека детето е натпросечно интелигентно

деца маски училиште
Подгорица, Црна Гора / Фото: Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Многу родители сакаат да мислат дека нивните деца се генијалци, но вистината е дека сите тие се малечки, автентични и неверојатни.

Сепак, кога се поставува прашањето како да се препознае високиот коефициент на интелигенцијата, постојат знаци кои можат да укажат на натпросечната интелегенција кај најмладите.

Рано читање

Децата во просек во 6-тата година веќе знаат да читат. А децата со натпросечна интелегенција се интересираат за книги од рана возраст. Тие и порано почнуваат да читаат, уште од четири години.
Читањето често почнува со преправање на децата дека читаат сликовници за животните, но во некои моменти тие почнуваат да ги препознаваат зборовите, иако никој не ги учел на тоа. Таквите деца во просек имаат повисок коефициент на интелигенција.

Одлично паметење

Доколку забележите дека детето прераскажува некоја случка која се случила пред неколку недели или месеци, тоа е показател на одлично паметење и висока интелигенција.

Љубопитност

Љубопитноста е тесно поврзана со коефициентот на интелигенција. Ако вашето дете поставува многу прашања и потпрашања, со што активно го проучува светот околу себе, тогаш е натпросечно интелигентно.

Сака да разговара, особено со возрасни

Доколку вашиот малечок сака многу да разговара, да потпрашува и активно да учествува во разговорите со возрасните, на тој начин покажува љубопитност, зрелост и висок коефициент на интелигенција.
Натпросечно интелигентните деца од мала возраст знаат да ги изразат своите мислења и чувства и да изговараат сложени реченици.

Хумор

Детето кое секогаш одново смислува нови шеги и бара начин да ви го покаже својот хумор, има висок коефициент на интелигенција.

Изразена музикалност

Децата кои се склони кон музика, кон пеење и свирење некој инструмент, обично се попаметни од своите врсници.

Високи стандарди

Децата генијалци се трудат да поставуваат многу високи стандарди во сè што работат.
Конкретно, ако сакаат да научат нешто ново, тие нема да застанат додека тоа не го научат до детали.

Рано препознавање на научените форми во секојдневниот живот

Паметните деца многу рано почнуваат да ги препознаваат работите од секојдневието. Пример, ќе запаметат дека еден ист автобус поминува пред нивниот дом после појадокот и колку точно играчки собира во нивната приколка за играчки. Сакаат да набљудуваат и ќе запаметат клучни работи кои се повторуваат.

Покажуваат широко знаење за најомилената тема

Сакаат да учат за државите во светот и нивните знамиња, така што брзо впиваат информации од тие теми и повеќе знаат од возрасните.

Фокусирани се

Интелигентното дете има развиена концентрација. Никакви видео игри, ТВ или друштвени мрежи не можат да го деконцентрираат додека го работи она што му е зацртано.

И лидер и тимски играч

Полно е со самодоверба, често смислува игри, никогаш не вели за нешто дека е „досадно“. Најчесто, во училиште сака да покаже дека е дораснато за сè, особено кога станува збор за друштвените игри.

Не се обесхрабрувајте себе или вашите деца доколку не ги пронајдовте во овие особини. Сите деца имаат квалитети во нив кои се откриваат со внимание, разговор, различни активности и способноста да се развие, но и да се биде доследен на рутина уште од „мали нозе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот