Препородете го својот имунитет со овој домашен тоник

Секое утро консумирајте сецкан лук помешан со 1 лажица мед.

Лукот го прави секое јадење повкусно, а исто така го подобрува и нашето здравје. Вистина е дека сировиот лук е моќен природен лек. Тој може да го намали нивото на холестерол, нивото на шеќер во крвта, спречува срцеви заболувања и срцев удар и може да ги запре ефектите на артеросклероза.

Лукот исто така е најдоброто брзо решение за настинката, грипот, дијареата, бодежите од инсекти и габичните инфекции. Лукот може да го зајакне вашиот имунитет и може да ви помогне да го ослободите телото од токсини.

Лукот најдобро е да се консумира свеж. Исекајте го и оставете го 15 минути пред да го консумирате. По кршењето на чешнето, се активира алицинот, многу моќно соединение кое се наоѓа во белиот лукот. Јадете лук на празен стомак, така телото најдобро ќе ги апсорбира сите хранливи состојки.

За да се чувствате поенергично и поздраво јадете лук и мед. Секое утро консумирајте сецкан лук помешан со 1 лажица мед.

Овој домашен тоник од лук е совршен за настинки, воспаленија, грип и за зајакнување на имунитетот.

Состојки:

– 1/2 главица кромид

– 5 чешниња лук (сецкан)

– 2 црвени лути пиперчина (грубо сецкани)

– 1 лажица исецкан ѓумбир

– сок од 1 лимон

– јаболков оцет

Подготовка:

Во голем сад, ставете ги сите состојки. На крајот додадете го лимоновиот сок и јаболковиот оцет. Затворете ја теглата со капак и оставете ја да отстои преку ноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот