ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Вежбаме со Елена Мирческа (ВИДЕО)

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подговтви нов сет вежби адаптирани за домашни услови за читателите на Слободен печат.

Точно дека сме затворени во своите домови и движењето е ограничено на минимум, но тоа не значи дека не треба самите да се активираме за наше добро.

Мотивацијата е важна, сè друго е изговор!, вели Елена и објаснува:

– Денешниот сет на вежби ги опфаќа сите мускули на стомачната регија, со одредени модификации се релативно безбедни за сите и единствениот реквизит кој што е потребен, го има дома секој од нас – ПЕРНИЦА!

Пробајте за почеток со оние кои се најлесни за вас, каде при изведувањето не чувствувате болка во лумбалниот дел од рбетот, односно половината. Со редовно вежбање, за многу кратко време ќе го зацврстите абдоминалниот дел и ќе може да ги изведете сите вежби.

Доволни се по 15 повторувања на вежба, во три сетови, секој втор ден и ефектот ќе биде забележителен за брзо!

 

За повеќе вежби следете ја Елена на Јутјуб или на Фејсбук страната Fitnes studio Lady-Fit, а може да се придружите и на нејзините „онлајн“ часови во живо, секој ден во неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот