ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Тренинг со стап, со Елена Мирческа (ВИДЕО)

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подготви нов сет вежби – тернинг со стап, адаптирани за домашни услови за читателите на порталот „Слободен печат“.

Денешниот избор на вежби од изолација е целосен функционален тренинг со стап.

– Единствената алатка која што ни треба е нешто кое сите го имаме дома, може да биде рачка од метла, од џогер или дрвено сукало, единствено треба да биде доволно долго да можете широко да го опфатите на краевите со двете раце.

Вежбите со стап можеби на прв поглед звучат и изгледаат смешно, но бенефитите кои можат да се добијат се бројни! Тука се комбинирани мобилизација на зглобовите, јакнење на мускулатурата и длабоко мускулно и фасцијално истегнување.  Вежбите со стап имаат многу поголема координација на движењата од обичните вежби, стапот служи како потпора при нивното изведување и со тоа рангот на движење е многу поголем. Со редовно изведување се подобрува перформансот и на сите останати движења, се редуцира ризикот од повреда и најважно од сè е што може да се користат при закрепнување после повреда, – ни обајаснува фитнес инструкторката Елена Мирческа и додава:

– Изборот на денешните вежби кои ги подготвив за вас ги опфаќаат сите мускулни групи и може да се користат како целосен тренинг, без разлика дали сте апсолутен почетник или вежбате подолго време. Бројот на повторувања на вежба и рангот на движење можете да го определите сами, во согласност со вашата мобилност.

Ајде, да вежбаме заедно!

 

Следната среда, дознајте како да ги зајакнете внатрешните мускули на бутовите!

За повеќе вежби, можете да ги посетите и „онлајн“ часовите на Елена или да ја „лајкнете“  Фејсбук страната @FitnesStudioLadyFit.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот