Препорака од германскиот Комитет за вакцини: Производот на „АстраЗенека“ да се дава на лица до 65 годишна возраст

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ да се дава само на лица до 65 години, препорача денеска германскиот комитет за вакцини, наведувајќи дека нема доволно податоци за употреба на производот над таа возрасна граница на луѓе.

– Во моментот нема доволно податоци за проценка на ефикасноста на вакцината за лица над 65 години, соопшти комитетот во одлуката што беше проследена до германското Министерство за здравство.

Вакцината на „АстраЗенека“, за разлика од мРНК вакцината, треба да се нуди само на лица на возраст од 18 до 64 години во секоја фаза, се вели во соопштението.

Европската агенција за лекови утре ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот