Преодниот рок во Серија А заврши со трансфер бомба

Во последните моменти од преодниот рок во Серија А, Торино издвои 25 милиони евра за фудбалерот на Наполи, Симоне Верди. Поранешниот напаѓач на Болоња, не се снајде во Наполи кој одлучи да се раздели од него, договорајќи се со Торино за едногодишна позајмица и задолжителен откуп идната година.

Во последниот ден од преодниот рок се засили и новиот член на Серија А, Бреша која го ангажира поранешниот италијански репрезентативец Алесандро Матри. Матри минатата сезона настапуваше за Сасуоло, а во Бреша доаѓа како слободен играч.

Екипата на Милан конечно ја официјализира размената со Анјтрахт Франкфурт од кого го доби хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ, додека во спротивен правец замина Андре Силва. Ребиќ во Милан доаѓа на двегодишна позајмица.

Активен беше и шампионот Јувентус кој за пет милиони евра од Калјари го ангажира Кванг Сонг Хан. Тој оваа сезона ќе ја мине во резервниот тим на Јувентус, но се очекува од идната сезона да добие поголема шанса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот