Преодна Влада со експерти во Австрија по повлекувањето на министрите од Слободарската партија

Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Владата во Австрија сега ќе биде водена од нови министри, односно станува збор за преодна Влада предводена од експерти, откако министрите на Слободарската партија одлучија да се повлечат.

Во новата, преодна австриска Влада, Министерството за одбрана ќе го води воено лице, заменик-началникот на Генералштабот на војската на Австрија, генерал-потполковник Јохан Луиф, кој, инаку, беше во меѓународните мисии во Косово и во Босна и Херцеговина.

Новите министри беа предложени од страна на канцеларот Себастијан Курц.

Претседателот на Австрија Александар ван дер Белен, пред полагањето на заклетва на новите министри, рече дека поради вонредната ситуација во која се најде земјата сака на нови членови на Владата да им даде неколку совети и насоки.

– Демократијата значи барање на мнозинството со заштита на малцинствата, поради што е потребен постојан дијалог, воспоставување доверба и подготвеност за компромис за општото добро. Демократијата не значи наметнување на својата позиција. Политиката е занает кој бара почит кон другите – рече претседателот.

Тој потенцираше дека политичарите во донесувањето на одлуките треба да ја имаат на ум стабилноста на земјата и нивните акции и зборови да не се предизборна кампања.

Австрискиот Парламент во понеделник ќе одржи вонредна седница посветена на аферата, која доведе до пад на Владата, односно на снимките кои се појавија во јавноста на кои може да се види дека досегашниот заменик-канцелар и претседател на ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе на внука на руски милијардер и нуди државни услуги во замена за финансиска помош на неговата партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот