ПРЕМНОГУ ЧЕКАШЕ: Човеку, така не се шутира пенал! (ВИДЕО)

фото: Reprodução/TV Liberal

Финалето од бразилскиот регионален куп („Копа Верде“) помеѓу Пајсанду и Еспорте го одбележа еден бизарен удар од белата точка.

Пајсанду во овој дуел пред своите навивачи имаше позитива од 1:0 од првата средба на гостувањето, но прими погодок во судиското надополнување, па победникот беше познат во пенал серијата.

Таму трагичар беше Оливеира, одбранбениот играч на Пајсанду. Имаше пенал за победа, а го изведе на еден бизарен начин.

Ја постави топката на белата точка, се оддалечи околу 10 метри. Секако во таков случај воглавно фудбалерите земаат залет за удар, во овој случај тој зачудувачки само одеше кон топката, можеби најверојатно во намерата да го збуни чуварот на мрежата, потоа се врати еден метар, па шутна, но се посрамоти.

Го утна целиот гол, а во продолжението од пенал серијата неговата екипа го загуби мечот.

Дали ова е најбавниот или најлошиот изведен пенал, проценете сами:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот