Жителите на Горно Лисиче стравуваат за својата безбедност, рампата на железничкиот премин веќе подолго време не работи (ФОТО)

илустрација / фото: Слободен печат

Преминувањето на пругата во Горно Лисиче претставува секојдневен стрес за тамошното население, независно дали станува збор за преминување на шините пеш, со автобус или пак со автомобил. Ова го вели читател на „Слободен печат“, кој стравува за својата и за безбедноста на најблиските. Во реакцијата на читателот исто така се вели дека поради викоката трева, прегледноста е значително намалена, а дополнителен проблем се јавува и поради фактот што безбедносната рампа веќе подолго време е скршена, па луѓето кои поминуваат од таму, постојано се плашат дека ќе наиде возот и дека ќе се случи некоја трагедија.

За работата да биде уште пострашна, на само неколку метри од ова небезбедно место се наоѓа последната автобуска станица на автобусот со број 7 на ЈСП „Скопје“, а токму поради тоа и фрекфенцијата на луѓе таму е поголема, вели жителот од Горно Лисиче.

За нефункционалноста на посочената рампа одговорност побаравме од Македонски железници, од каде што ни одговорија дека склопката била пократка, и потврдија дека во текот на денот истата ќе биде биде сменета.

Пругата ги дели општините Аеродром и Кисела Вода. Зошто ова место е запуштено и несредено прашавме во двете општини. Од Аеродром децидно тврдеа дека одржувањето не е во нивна надлежност, додека од Кисела Вода најавија расчистување на местото во текот на месецов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот