Премиерот Заев е за настава со физичко присуство од септември

фото Архива

Комисијата за заразни болести е таа што одлучува, но јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако КОВИД-ситуацијата тоа го дозволува, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на првиот национален Стартап самит, Заев информира дека во понеделник во 9.00 часот Штабот треба да одржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.

-За училиштата имам свој став. Но, секако, најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состјба и сега ова, кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затварање или други мерки, рече премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот