Премиерот Трудо најави старт на имунизацијата: Канада ги доби првите дози од вакцината на „Фајзер“ и „БајонТек”, процесот почнува од Квебек

Фото: twitter.com/JustinTrudeau

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека првите дози на анти-ковид вакцината на „Фајзер“ и на „БајонТек“ пристигнале во државата и уште денеска може да бидат аплициртани првите дози, откако националниот здравствен регулатор во минатата среда ја одобри заедничката вакцина на американскиот производител и на германскиот партнер во проектот.

Вакцините се наменети за 14 пунктови за дистрибуција во земјата. Квебек се очекува да биде првата провинција каде ќе се аплицира вакцината. Локалната власт објави дека е подготвена денеска да почне со имунизација на жителите на два социјални домови.

Повеќето од првичните 30.000 дози на вакцините наменети за Канада се очекува да пристигнат денеска. Канадската влада неодамна го измени договорот со „Фајзер“ и „БајонТек“ за да испорача до 249.000 дози овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот