Премиерот Санчез најави шпанска вакцина против ковид-19

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска дека се надева дека до крајот на 2022 година и Шпанија ќе развие вакцина против коронавирусот.

Тој при обиколка на фармацевтската компанија ХИПРА во Жирона, во која се развива вакцината против коронавирусот, рекол дека вложува голема надеж во развој на таа вакцина, пренесува шпански Ел Паис.

-Владата ќе ви помогне со сите расположливи средства во овој процес. Сите можеме да допринесеме за Шпанија да добие своја вакцина, рекол Санчез во разговор со претставниците на компанијата.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот