Премиерот Руте на став: Холандија под „полициски час“ најрано до 31 март

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека ноќниот „полициски час“ во земјата мора да важи најмалку до 31 март, поради континуираниот голем број нови случаи на коронавирус.

Исклучоци ќе бидат направени за време на националните избори од 15 до 17 март. Мерката „полициски час“ од 21 до 4.30 часот предизвика неколкудневни немири низ целата земја кога првпат беше воведен пред шест недели.

На рестораните и баровите може да им биде дозволено да почнат да им служат клиенти на тераси на отворено од следниот месец ако стапката на инфекција падне во следните три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот