Премиерот призна дека размислувал за оставка

Имав различни размислувања вчера по недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, но немам право да се откажам од довербата на граѓаните, кажа премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање дали по случувањата во Брисел размислувал да поднесе оставка.

-Го почувствував гневот и разочараноста на граѓаните. Ме водеа секакви размислувања. Разговарав со пријатели, партиските и владини соработници, како и со дел од европските лидери. Оставив денот да помине, да преспијам. Немам право да се откажам од довербата на граѓаните. Тие на предвремените избори ќе одлучат по кој пат ќе одиме. Не сме сјајни, имаме грешки, но немаме друг пат – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот