Премиерот најави по кои критериуми ќе мете: ДЕЛ ОД ИМИЊАТА ВЕЌЕ ПОЗНАТИ - Слободен печат
ВестиМакедонија

Премиерот најави по кои критериуми ќе мете: ДЕЛ ОД ИМИЊАТА ВЕЌЕ ПОЗНАТИ

Премиерот вели дека на почетокот на јуни ќе бидат познати имињата на министрите кои ќе бидат сменети.

Верувам дека на почетокот на јуни ќе излезам со комплетна промена, ќе се сменат неколку министри, неколку заменици и директори, ќе бидат оние за кои веќе коментираат граѓаните, јас како мандатар ги согледувам укажувањата на граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев. Според бројот на министри кои ќе се сменат, смета Заев, ќе се случи реконструкција на владата. Сепак нема да стане збор за толкав број промени за да се гласа нова влада.

Тој „метлата“  ја најави уште пред три недели и се очекуваше по завршување на претседателските избори да се соопштат имињата на функционерите кои ќе бидат сменети, како и на новоименуваните.

– Изборите завршија минатиот викенд, така што само неколку дена се поминати. Овие неколку дена ги искористив за консултирање. До крајот на месецот треба да се донесат сериозни одлуки за нашата земја, пред се конечната одлука за добивање на датумот на преговори што зависи од донесувањето на некои одлуки во Собранието. Верувам дека на почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени за раководни функции во министертсвата, државните институции и кон крајот на јуни и во самите општини. Паралелно со тоа ќе направам и промени во мојата партија СДСМ. Главни критериуми се ароганција, неиполнување на очекувањата на граѓаните, неагилен однос, непотизам. Сите овие аспекти ќе бидат согледани. Верувам дека ќе направиме вистински одлуки за да се динамизираат работите – рече Заев.

На прашањето како ќе се справи со министрите од ДУИ кои изјавуваат дека тие не одговараат пред него, туку пред Ахмети, Заев рече дека сите се одговорни пред граѓаните.

– Граѓаните се главниот репер, граѓаните јавно коментираат, слобода е, транспарентно е, се слуша секаде и генерално очекуваме каде ќе се случат промените. Јас како мандатар треба да ги согледам овие укажувања на граѓаните, но јас сум само предлагач, за министрите ќе решава парламентот, за директорските фунции владата ќе го има последниот збор – рече Заев.

Тој посочи и дека нема да има бегање и дека сите знаат дека промените  ќе се случат, а тие ќе го опфатат и СДСМ.

Заев најави и дека во наредните денови на оваа тема ќе има средби со коалициските партнери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close