Премиерот на Словенија даде поддршка за изградба на нуклеарката Кршко 2

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Словенечкиот премиер Марјан Шарец во разговор за словенечката национална телевизија повтори дека смета дека е важно за Словенија да се одлучи за изградба на нов блок на нуклеарката во Кршко, што пред две недели го изјави и при посетата на оваа локација, објави „Ал Џезира“.

– Словенија од Кршко добива 40 отсто од вкупниот биланс на електричната енергија, потрошувачката на струја во иднина ќе се зголемува, а нам ни треба самостојност во снабдувањето со струја за развој во иднината – кажа Шарец во разговор за државниот сервис, по повод првата годишнина од мандатот на неговата влада.

Како дополнителна причина зошто ја застапува идејата за нуклеарна енергија против која се еколошките здруженија, тој појасни дека тоа е единствен начин Словенија да ги исполни поставените цели на подрачјетно за намалување на издувните гасови, откако ќе се затворат еколошки неадекватните термоцентрали.

За изградбата на вториот блок на нуклеарката во Кршко заинтересирани се Американците, Русите и други, кажа Шарец минатата недела и според „Ал Џезира“, на истата тема разговарал и со рускиот премиер Димитриј Медведев за време на неговата службена посета на Москва.

Можност за продолжување на лиценцата

Шарец оцени дека до конечната одлука за изградба на нуклеарката, по која би се распишал меѓународен тендер би можело да мине и до десетина година, но дека неопходно е уште сега да се размислува за тоа и да се носат конкретни решенија.

Нуклеарката Кршко има дозвола за работа до 2023 година, кога истекуваат 40-те години од почетокот на нејзиното делување, но и можноста за продолжување на лиценцата за работа од двапати до десет години, што значи дека таа би престанала да работи во 2043 година, а дотогаш во Кршко би се поставил и вториот блок.

Експертите за енергетика предупредуваат дека Словенија однапред би морала да осигура образование за 400 до 500 инженери кои би биле специјализирани за работа во нуклеарка, како и да осигура место на кое би се складираат старите радиоактивни елементи, откако таа ќе престане со работа.

Шарец води петочлена колаиција на левицата и центарот, формирана откако беше релативен победник на минатогодишните избори, а притоа претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша не успеа да осигура коалициски партнери за десничарска влада.

Владата на Шарец е формално малцинска, но мнозинството во парламентот го има по пат на посебен партнерски договор со Левицата, партија која по програмата и целите е споредувана со грчка СИРИЗА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот