Премиерот на Непал бара вонредни избори поради раскол во партијата

Фото: EPA/NARENDRA SHRESTHA

Премиерот на Непал, Кадга Прасад Шарма Оли денеска се обрати на илјадниците приврзаници во главниот град на Непал, Катманду, ден откако лидерите на спротивставените партиски фракции повикаа на национален штрајк, со цел да се спротивстават, според нив, на неуставниот потег на премиерот да бара нови избори насред економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

– Премиерот има законско право да го распушти Парламентот, истакна Оли пред приврзаниците.

Оли денеска се обрати на илјадниците приврзаници во главниот град на Непал, Катманду, ден откако лидерите на спротивставените партиски фракции повикаа на национален штрајк, со цел да се спротивстават, според нив, на неуставниот потег на премиерот да бара нови избори насред економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Премиерот има законско право да го распушти Парламентот, истакна Оли пред приврзаниците.

Оли (68), кој речиси секојдневно се соочува со протести од политичките противници и групите за заштита на човековите права, истакна дека бил принуден на тешка одлука бидејќи партиските колеги одбивале да соработуваат со него.

Политичката криза во Непал почна на 20 декември минатата година кога Оли изјави дека не може да соработува со ривалите во неговата Непалска комунистичка партија (НЦП), го распушти Парламентот и побара одржување на вонредни избори, две години пред истекот на мандатот.

Врховниот суд на Непал разгледува повеќе од десетина претставки со кои се оспорува потегот на Оли, а пресудата се очекува до крајот на месецот.

Ако Врховниот суд ја оспори одлуката на премиерот, Непалците ќе гласаат во две фази на 30 април и на 10 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот