Премиерот на Монголија поднесе оставка поради неуспехот да се справи со пандемијата

Фото: TASS / ddp USA / Profimedia

Премиерот на Монголија, Ухнаагин Хјурелсух поднесе оставка по протестите во главниот град поради неуспехот на Владата да се справи со пандемијата на коронавирусот.

Протестите избувнаа во средата како одговор на обвинувањата дека Владата не успеала да премести пациентка со Ковид-19 и нејзиното новородено бебе.

Како што пренесуваат странските агенции, откако добро се справи со кризата со коронавирусот во раните фази, Монголија во моментов се бори со новиот бран предизвикан од заразен возач кој дошол во земјата од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот