Премиерот на Луксембург обвинет за плагијат

Ксавиер Бетел/ Фото EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е обвинет за плагијат на докторска дисертација што ја бранел пред 20 години на Универзитетот во Нанси, пренесува Политико. 

 Бетел реагираше без јасно да ги отфрли обвинувањата.  

„Од денешна перспектива препознавам дека некои работи можеа да се направат поинаку, а всушност и требаше да се направат поинаку“ изјави премиерот на Луксембург.  

Споменатата работа ја работел пред повеќе од 20 години, а, како што додава, тогаш ја работел со најголема совест.  

Бетел реагираше на извештајот на онлајн-магазинот „Репортер.лу“, во кој се наведува дека неговата работа од 1999 година за можни реформи на изборниот систем на Европскиот парламент, на 54 од 56 страници, се состои од преземање туѓи текстови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот