Премиерот на Киргистан поднесе оставка

Премиерот на Киргистан, Мухамедкали Аблгазиев, денеска поднесе оставка поради скандал со владината продажба на радиофреквенции.

„Во денешните тешки услови, кога земјата се соочува со опасност од коронавирусот и се бори со економски последици, Владата мора да работи стабилно и да ужива целосна доверба на граѓаните”, нагласи премиерот во соопштение. Тој негираше дека е вмешан во скандалот.

Аблгазиев е премиер од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот