Премиерот на Ирска го поздрави договорот за Брегзит: Британија на уреден начин ќе ја напушти Унијата

Фото: Принтскрин

Ирскиот премиер Лео Варадкар го поздрави новиот договор за Брегзит, кој денеска го постигнаа Европската Унија и Велика Британија.

Варадкар на Твитер напиша дека новиот договор за Бегзит и овозможува на Велика Британија „на уреден начин“ да ја напушти Унијата.

Ентузијазмот на Варадкар е спротивен со ставот на северноирската Демократско унионистичка партија (ДУП), која смета дека договорот не е „во долгоречен интерес на Северна Ирска“.

Прашањето за границата меѓу двете Ирски беше најголема пречка за договор меѓу Лондон и Брисел, бидејќи британскиот премиер Борис Џонсон, како и бројни пратеници, беа противодредбата од претходниот договор за Брегзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот