ПРЕМИЕРОТ НА ИРАК ПРЕДУПРЕДУВА: Убиствата на Сулејмани и Мухандис ќе предизвикаат војна

Убиениот ал Мухандис беше втор човек во Хашд ал Шааби, паравоена проиранска група, која минатата година стана дел од ирачките безбедносни сили.

Ирачкиот премиер во оставка Адел Абдел Махди денеска изјави дека американскиот напад при што се убиени иранскиот генерал Касем Сулејман и командантот на проиранските ирачки милиции Абу Махди ал Мухандис ќе предизвика војна во земјата и во регионот.

– Убиство на ирачки воен командант, кој има официјална функција е агресија против Ирак, ирачкиот државен апарат, ирачката Влада и ирачкиот народ – посочи Махди.

Убиениот ал Мухандис беше втор човек во Хашд ал Шааби, паравоена проиранска група, која минатата година стана дел од ирачките безбедносни сили.

– Израмнувањето на сметки со иранските раководни лица или со пријателска земја на ирачка територија е флагрантно кршење на условите, што дозволуваат присуство на американските војници – посочи Махди.

Поради најновите настани Махди побара вонредна седница на ирачкиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот