Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, ќе ја посети нашата држава

Чешкиот премиер Андреј Бабиш, против кого неодамна се одржаа масовни протести во Чешка, заедно со својаа делегација денеска доаѓа во службена посета на нашата држава.

Чешката делегација ќе биде пречекана со високи државни почести пред платото на Владата на Република Северна Македонија, по што премиерот Бабиш ќе биде примен од неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев.

Предвидено е премиерот Бабиш да има средби и со шефот на државава Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.

Со своите домаќини ќе разговара за билатералната соработка и за актуелните случувања на Балканот, во Европа и во светот. Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава.

Во попладневните часови чешкиот премиер Бабиш заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Богородица.

Чешка испраќа свој полициски контингент на јужната граница од Републикава од февруари 2016 година за спречување на мигрансткиот бран. Досега низ чешкиот контингент во земјава минале над 1.000 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот