Премиерот на Баварија предупредува: Постои ризик ковид-19 да излезе од контрола во Германија

Фото: EPA-EFE/Peter Kneffel / POOL

Постои ризик коронавирусот да излезе од контрола во Германија, предупреди денеска претседателот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и премиер на сојузната држава Баварија, Маркус Зудер.

– Коронавирусот се врати во полна сила, вториот бран е тука, рече тој во баварскиот Парламент.

Во исто време, Зудер истакна дека границите на провинцијата со Швајцарија, со Австрија и со Чешка не треба да бидат затворени и изрази решителност да се остави економијата да функционира и да ги држи училиштата и социјалните домови отворени што е можно подолго.

– Наш приоритет е да избегнеме целосно затворање, рече тој, информирајќи ги пратениците дека ќе воведе „темно црвен” код за закана од инфекција и построги ограничувања во некои области на Баварија со повеќе од 100 нови случаи на 100.000 жители за седум дена.

Од вчера, жителите на баварската област Берхтесгаденер Ленд се под целосен карантин, што се случува за првпат во Германија од април. Иако нивото на инфекции во земјата е значително пониско отколку во другите делови на Европа, тие, сепак, бележат раст и во саботата беа објавени рекордни 7.830 нови инфекции на ден, според податоците на институтот „Роберт Кох“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот