Премиерот Марио Драги потпиша указ за нови анти-ковид мерки: Италија под рестрикции од 6 март со католички Велигден

Матио Драги / Фото: EPA-EFE/FILIPPO ATTILI / CHIGI PALACE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Италијанскиот премиер Марио Драги потпиша указ за нови анти-ковид мерки, што ќе стапи во сила на 6 март и ќе трае до католичкиот Велигден во април, јави агенцијата „Анса“. Во споредба со претходната, најважната промена во новата одлука е дека во сите региони, каде што е регистриран голем пораст на ширењето на коронавирусот, со прецизно 250 заразени на 100.000 жители, сите училишта ќе бидат затворени и ќе се премине на онлајн настава.

Министерот за здравство Роберто Сперанца објасни дека одлуката е донесена откако било утврдено дека „британската” варијанта на вирусот е присутна во повеќе од 50 проценти од откриените случаи на инфекција, а тој сој се шири многу брзо и ги инфицира младите луѓе на возраст од 10 до 19 години.

Владата на премиерот Драги ја задржува поделбата, за време на пандемијата, на земјата во три зони: црвена, каде вирусот е најраспространет, портокалова, каде вирусот се шири помалку и жолта, каде што нивото на инфекција е ниско.

Според новата регулатива, фризери, спортски сали, театри, ресторани и барови во црвените зони  имаат работно време до 18 часот, а можат да доставуваат храна до 22 часот. Забраната за сообраќај меѓу регионите останува во сила, како и полицискиот час од 22 часот до 5 часот утредента.

Новиот указ предвидува помош од 200 милиони евра, за оние чии активности ќе страдаат најмногу од антиковид мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот