Премиерот Ковачевски им вети на фудбалерите премија од 500.000 евра за пласман на СП

Премиерот Димитар Ковачевски со селекторот на фудбалерите Благоја Милевски/Фото: Бранко Илиевски

Македонската фудбалска репрезентација тргна за Порто, каде што во вторник со почеток од 20.45 часот ќе игра против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Денеска претпладне играчите имаа затворен тренинг, за да се направат последните тактички замисли пред спектаклот на стадионот „Драгао“.

Нашите најдобри фудбалери на патувањето беа испратени од премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски кој им посака среќа на избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Воедно им вети премија од 500.000 илјади евра доколку триумфираат над Португалија и на тој начин се пласираат на Мундијалот.

– Како Влада, она што најмалку можеме да го направиме е доколку се пласирате на светското првенство, ние ќе издвоиме награда од половина милион евра за играчите и за стручниот штаб. Тоа го заслужувате затоа што сите деца во државата, сите возрасни во државата, сите се спремаат за во вторник да ја прослават големата победа со која што македонската фудбалска репрезентација после настап на европското, ќе биде дел и од светското првенство – порача премиерот Димитар Ковачевски и им рече дека тој останува да ги чека со добра вест и со дресот кој го доби како подарок. 

Потсетување дека во полуфиналните мечеви од баражот, Португалија ја совлада Турција со 3:1, а Македонија во Палермо беше подобра од Италија (0:1).

Во Порто ќе ни суди човекот кој ни донесе „среќа“ да се пласираме на Европско првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот