Премиерот Ковачевски го посети Културно-информативниот центар во Софија

Македонскиот КИЦ во Софија/Фото: МИА

Во рамки на посетата на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, јави дописникот на МИА од Софија.

Димитар Ковачевски и македонската владина делегација предводена од него беа пречекани од директорот на КИЦ Сашко Насев, кој ги запозна со неговите активности.

Насев во галеријата на КИЦ на македонскиот премиер и на министрите за економија и надворешни работи Крешник Бектеши и Бујар Османи им ја покажа изложбата „Панта реи” на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски.

Насев го запозна Ковачевски и со претстојната Европска ноќ на литературата, која ќе се одржи на 7 септември во Софија и со читателското гнездо на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија, каде што е објавена книгата на македонскиот писател Александар Прокопиев „Човечулец”. Оваа збирка раскази годинава беше преведена на бугарски јазик во издание на издавачката куќа „Книги за секого”.

Директорот на КИЦ во Софија и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, разговараа за културната интеракција за подобро запознавање на бугарската јавност со достигнувањата на македонската култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот