Премиерот Јанша најави: Во Словенија се отвораат ски-центрите, училиштата и некои услужни дејности

Фото: EPA-EFE/OHAD ZWINGENBERG / POOL

Благодарение на подобрување на епидемиолошката состојба во поголемиот дел од Словенија, скијачките центри наскоро ќе бидат „отворени” под одредени услови. Следната недела повторно ќе почнат часовите во пониските одделенија во основните училишта, а ќе се отворат и пазари, фризерски салони, механичарски сервиси, најави синоќа словенечката Влада.

Во девет од 12-те региони, оние со подобра епидемиолошка слика, ски-центрите ќе бидат повторно отворени од сабота, а оние со негативен тест за коронавирус ќе можат да скијаат, потврди премиерот Јанез Јанша.

Од следниот вторник во истите региони ќе бидат отворени градинки и паралелки за ученици во првите три одделенија од основното училиште, но со сите анти-епидемиски мерки и негативен тест за коронавирус за воспитувачи и наставници кои ќе бидат тестирани претходниот ден.

Пазари, киосци, услуги за чистење, фризери и слични услуги, услуги за чистење оџаци повторно им е дозволено да работат, а се отвораат и продавници со опрема за деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот