Премиерот и претседателот на Израел му ја честитаа победата на Бајден

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Премиерот и претседателот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и Рувен Ривлин утрово, многу подоцна од другите светски лидери му ја честитаа победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

– Честитки до Џо Бајден и Камала Харис. Џо, имавме долг и топол пријателски однос речиси 40 години и знам дека си голем пријател на Израел. Се радувам што ќе работам со Вас, за да ја зајакнеме посебната врска што ја имаат Израел и САД, напиша Нетанјаху на Твитер.

Тој во вториот твит му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „пријателството што го покажа кон државата Израел” и кон него лично, како и за „признавањето на Ерусалим и Голан, застанувајќи против Иран, за историските мировни договори и за подигнување на американско-израелското сојузништво до незабележано ниво”.

– Испраќам благослов од израелскиот народ и државата Израел до нашиот пријател Џо Бајден на изборот на 46. Претседателна САД. Исто така испраќам честитки и најдобри желби за успех до избраната потпретседателка Камала Харис, се наведува во честитката на Ривлин.

Тој оцени дека „стратешкото сојузништво помеѓу двете земји и народи е посилно од кое било политичко раководство и оти не е засновано само на пријателство” туку е „длабоко вкоренето во заедничките вредности и долгата посветеностна слободата и демократијата како основи на нашите општества”.

Ривлин му се заблагодари и на Доналд Трамп за „четирите години партнерство и зајакнување на безбедноста на Израел”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот