Премиерот Џонсон прима кислород во болница

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој заболе од коронавирус, е примен во болница бидејќи лекарите се загрижилe за неговото здравје. Премиерот прима кислород, пренесува „Дејли мејл“.

Џонсон бил однесен во болница бидејќи неговите симптоми не исчезнале 10 дена откако било утврдено дека е позитивен на тестот за коронавирус.

Се верува дека Џонсон почнал да прима кислород, додека многумина веруваат дека тој го ризикувал своето здравје затоа што продолжил да работи откако се разболел.

Откако е примен во болница, упатени се повици да ја предаде борбата против новата болест на некој друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот