Премиерот Џонсон префрлен во болница

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Тоа било опишано како „чекор за претпазливост“ преземен по препорака на неговиот доктор.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон бил примен во болница за тестови, 10 дена откако беше тестиран позитивен за коронавирус, соопштија од Даунинг стрит.

Тој „продолжува да има константни симптоми на коронавирус“, вели портпаролката, а тоа вклучува и висока температура.

Тоа било опишано како „чекор за претпазливост“ преземен по препорака на неговиот доктор.

Премиерот останува на чело на владата и апелира до граѓаните да го следат неговиот совет за социјално дистанцирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот