Премиерот Џонсон на идеја за враќање на карантинот во Велика Британија

Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за повторно воведување на карантин во земјата поради брзото зголемување на бројот на нови случаи со ковид-19. Според британските медиуми, бројот на новозаразени во земјата се зголемува за најмалку 6.000 дневно, а бројот на пациенти кои се примени во болница со ковид-19 се удвојува на секои осум дена.

Се очекува главниот епидемиолошки експерт во Велика Британија, Крис Вити на денешната прес-конференција да соопшти дека земјата е дојдена до критична точка во пандемијата во пресрет на зимата.

Министерот за транспорт, Грант Шнапс претходно денеска изјави дека сите карантински мерки ќе треба да бидат добро избалансирани и дека ќе треба да се дозволи на компаниите да функционираат за земјата да може да ја издржи пандемиската криза на економски план, а со работа ќе продолжат и училиштата.

Велика Британкија и официјално е прва земја во Европа според бројот на смртни случаи, а петта во светот со 41.777 починати лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот