Премиерот Абе ќе прогласи вонредна состојба во Јапонија

Според законот, ревидиран во март заради покривање на коронавирусот, премиерот може да прогласи вонредна состојба ако болеста претставува „сериозна закана” за животите и ако нејзиното брзо ширење би можело да има огромно влијание врз економијата.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе се очекува да прогласи вонредна состојба, откако само во Токио има над 1000 случаи на заразени со коронавирус. Според јапонските медиуми, новите мерки ќе стапат во сила од среда (по локално време).

Минатата недела, гувернерот на Токио, Јурико Коике, посочи дека ќе го поддржи воведувањето вонредна состојба како средство со кое населението ќе се повика на поголемо придржување до мерката за држење физичко растојание. .

Според законот, ревидиран во март заради покривање на коронавирусот, премиерот може да прогласи вонредна состојба ако болеста претставува „сериозна закана” за животите и ако нејзиното брзо ширење би можело да има огромно влијание врз економијата.

Вонредната состојба ќе им овозможи на гувернерите во погодените региони да побараат луѓето да останат во своите домови, а несуштинските бизнис да затворат. Сепак, овие мерки не би биле строго обврзувачки според јапонскиот закон, туку повеќе ќе се потпираат на меѓусебна контрола на граѓаните и почитување на властите.

Владата веројатно ќе го одреди поширокото градско подрачје на Токио за вонредна состојба, а можеби и префектури Осака и Хиго во западна Јапонија, објави весникот „Јомиури Шимбун”.

Повеќе од 3.500 луѓе во Јапонија се позитивни на коронавирус, а 85 починаа од оваа болест, јави јавниот радиодифузен сервис НХК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот