Премиерлигашите ќе одат во карантин по секое напуштање на Англија

Фото: EPA-EFE/Martin Rickett/POOL

Фудбалерите во Премиер лигата се соочуваат со десетдневен карантин по секое патување надвор од Англија.
Оваа одлука, вчера ја донесе англиската влада, а претходно не беше задолжителна изолацијата.

Екипите кои играат во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа, немаше потреба да одат во изолација, но од денеска ниту фудбалерите не се исклучок од новата одлука која ја донесе Владата.

Порај тоа, фудбалерите кои ќе патуваат на натпреварите на своите репрезентации ќе мораат постојано да бидат во карантин, нема да смеат да излегуваат и да имаат контакти со останатите репрезентативци.
По враќањето во Англија, доколку нивните тестови бидат негативни на коронавирус, ќе заминат во петдневен карантин, а во случај на позитивен резултат, тие десет дена нема да смеат да ги напуштат своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот