Премиерката на Нов Зеланд укина една од најстрогите мерки

Околу 400.000 жители на Нов Зеланд денеска се вратија на работа откако премиерката Џасинда Ардерн го намали степенот на опасност од новиот коронавирус во земјата.

Таа нагласи дека строгите мерки се исплателе и оти преминувањето на трето ниво на карантин „не значи укинување на физичкото дистанцирање, туку укинување на дистанцирање од економијата”.

– И понатаму треба да останеме во своите домови, до кога може треба да се работи или образува од дома. Избегнувајте ги патувањата што се неопходни, истакна Ардерн.

Нивото три значи отворање на училиштата, граѓаните ќе можат да купат храна за носење, а достапни им се и разни рекреативни активности, како и венчавки и погреби, но не собирање на повеќе од 10 луѓе.

Мерката е донесена откако Ардерн вчера изјави дека успешно е запрено ширењето на Ковид-19 во земјата односно дека привремено е елиминиран новиот коронавирус.

Петте милиони жители на Нов Зеланд беа во еден од најстрогите карантини, а регистрирани се само 1.472 заболени лица од Ковид-18, од кои 19 почина, што е најмал број на смртни случаи во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот