Премиерите од регионот на кафе-муабет (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Во полскиот град Познањ денеска ќе се одржи пленарна сесија на Самитот на земјите од Западен Балкан.

Но, пред почетокот на пленарната сесија на премиерите од регионот изгледа добро им оди муабетот.

На една фотографија од Познањ објавена на Фејсбук, од страна на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, се гледа и нашиот премеир, Зоран Заев седнат до колегата од Албанија, Еди Рама.

На сликата премиерите изгледаат многу фокусирани на муабетот, а според фотографијата се гледа дека се напиле и по едно кафе.

– Пред почетокот на пленарната сесија на Самитот на Западен Балкан во Познањ во разговор со премиерите од регионот – пишува косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук,  над објавената фотографија.

Додека за тоа што всушност се разговарало на средбата останува да ни кажат самите учесници од сликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот