Премиерите на Канада и Холандија го поддржаа предлогот за реформи во НАТО

Премиерот на Канада, Џастин Трудо и неговиот холандски колега Марк Руте го поддржаа француско-германскиот предлог за реформа НАТО, откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Алијансата „умира“, пренесе „Блиц“.

Трудо на форумот пред почетокот на самиотот на НАТО во Лондон рече дека еден сојуз не може да опстои 70 години, доколку за него не се размислува редовно.

Руте изјави дека „има смисла“ да се оформи предложена група на експерти составена од „мудри луѓе“, кои би ги разгледале начините за политичкото реформирање на НАТО, откако се појавија несогласувања меѓу Турција, Франција и САД.

Холандскиот премиер повика на „фундаментално разгледување“ на реформи во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот