Премиерата на „Мими“ ќе го отвори „Синедејс“

На 7 јули публиката ќе може да ја проследи македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, со кој ќе се отвори овогодишното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Приказната е за Мими, која го напушта родното место за да студира во Скопје. Работејќи како бебиситерка, копнее по единственото што не може да го има – мајчинството. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева (Мими), Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

Даријан Пејовски е автор на сценариото, Дејан Димески е кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И. Атанасовска е костимограф, додека Ива Куробаса е одговорна за шминката и фризурата. Автор на оригиналната музика е Александар Пејовски, монтажата е на Владимир Павловски, дизајнот на звукот е на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

Филмот е копродукција на „Скопје филм студио“ со „Максима филм“ од Хрватска и „Giggling goat production“ од Црна Гора. Поддржан е и од Агенцијата за филм на РС Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

„Мими“ ќе биде прикажан и на реномираниот 69. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, што ќе се одржи од 16 до 24 јули, како дел од натпреварувачката Меѓународна програма, заедно со уште 11 наслови од Полска, Израел, Латвија, Романија, Франција, Турција, Шпанија, Австрија, Србија, Хрватска, Македонија, Украина и Чешка.

(Текстот е објавен во ТВ и Филмски печат на 1 јули 2022 во весникот „Слободен печат“)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот