Премиера на „Врба” во Прилеп

Најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба”, утре и задутре премиерно ќе биде прикажан во Прилеп.

Проекцијата е закажана за 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков”.

„Врба” е македонска филмска приказна, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Сценариото и режијата се на Манчевски, фотографијата е на Тамаш Добош, музиката на Кирил Џајковски, костимите се на Ѓерѓ Сакач и на Жаклина Крстевска, а играат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев и Петар Царановиќ.

Влезниците за проекцијата на „Врба” се по 100 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот