Премиера на новиот спот на „Ван Гог“ снимен на проба, како најава на новиот креативен чекор на групата

По серијата „карантински“ свирки од улиците и студијата, кои членовите на култниот бенд „Ван Гог“ ѝ ги подарија на својата публика за време на пандемијата, достигнувајќи врв со мартовскиот онлајн-концерт во траење од дури 12 часа, тројката се враќа на веќе започнатата траса на рокенролот зад кулисите, со еден нов, интересен потфат.

Во рамки на видеоедицијата „Proba za novo doba“ на Јутјуб-каналот на „Ван Гог“, како и на фејсбук и инстраграм-страниците, премиерно е прикажан спотот за песната „Više te ne volim ko pre“ од десеттиот студиски албум на „Ван Гог“, „More bez obala“.

Песната е отсвирена во живо на проба, а видеото го снимиле самите членови на бендот со своите мобилни телефони.

Звукот во спотот е автентичен тонски запис на моментите од „дневната соба“.

Во рамки на идејата „Proba za novo doba“, бендот периодично од својата „дневна соба“ во која со години живее создавајќи, во живо ќе изведува песни, со цел на луѓето, макар за миг, во недостаток на големи концерти, да им го разубават престојот во нивните домови.

Ѓуле, Драган и Срба со својата видеоедиција ќе ја поведат публиката на едно сосема ново, инспиративно музичко патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот