Премиера на „Дедо и внук“ во Охрид: Емотивна приказна со длабока порака

Домот на култура „Григор Пеличев“ во Охрид синоќа беше претесен да ги прими сите заинтересирани да ја проследат промоцијата на првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.

Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.

Видно возбуден, режисерот Пиперкоски им се заблагодари на сите за поддршката и порача дека уште од студентските денови сакал да сними комплетен филм во Охрид.

– Голема желба ми беше целосно да снимам филм во охрид. Мислам дека преку „Дедо и внук“ успеав на некој начин да ја доведам емоцијата на филмското платно на најпрефинет можен начин, рече Пиперкоски.

Пред бројната публика се обрати и продуцентот на филмот Огнен Антов, кој ја претстави бројната филмска екипа, како и филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски.

Синоќа во Охрид имавме вистинска ноќ за филмско уживање. Филмот има квалитети за многу повеќе од локалната и националната публика. Приказната е универзална, технички филмот е одлично сработен и заслужува да стигне многу подалеку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот