Премиер лигата в четврток го објавува распоредот на натпревари

фото: твитер

Како што и веќе е познато, новата натпреварувачка сезона 2020/21 во Премиер лигата официјално ќе започне на 12 септември, а утре (20 септември) ќе го дознаеме и комплетниот распоред на натпревари.

Секако за нас ќе биде уште поинтересна со оглед на тоа што по подолг период ќе има и Македонец во елитата, односно нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски во дресот на Лидс.

Се најавува еден густ календар, како поради двата куп натпреварувањата кои ги играат Англичаните, така и поради фактот дека финалето во Лигата на шампионите е закажано за 29 мај, а почетокот на следното Европско првенство е на 11 јуни 2021 година.

Целиот распоред на натпревари за новата сезона во Премиер лигата се очекува да биде објавен в четврток во 10.00 часот по македонско време.

Ливерпул ќе ја брани титулата од минатата сезона, а како што објавуваат британските медиуми Манчестер сити и Манчестер јунајтед нема да настапат во првиот премиерлигашки викенд, односно ќе добијат додатен одмор поради завршувањето на настапите во Европа во текот на минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот