Премиер лигата се врати ама ВАР остана на пауза, Шефилд оштетен за чист гол (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/PAUL ELLIS

Англискиот фудбал се врати на големата сцена по тримесечна пауза, но традицијата остана.

Со натпреварот помеѓу Астон Вила и Шефилд јунајтед се врати Премиер лигата по тримесечна пауза поради пандемијата на коронавирусот, а со фудбалот се вратија и судиските грешки, поточно погрешните одлуки на ВАР технологијата.

И пред паузата имаше премногу замерки за одлуките кои ги носеше ВАР собата, а дека ништо не е променето се покажа и на првиот натпревар во рестартираната Премиер лига.

Во 42. минута ВАР технологијата „заспа“ бидејќи не му сигнализира на главниот судија дека Шефилд постигна чист гол.

По центаршутот во шеснаесетникот на домаќините, голманот Ниланд направи грешка, лошо ја прими топката и со неа влезе во голот но судијата не можеше да го види тоа поради гужвата додека гол технологијата се чини дека сè уште е на пауза.

Гостинските фудбалери негодуваа, а судијата Мајкл Оливер се правдаше дека гол технологијата не му сигнализирала и поради тоа не може да го признае голот иако на ТВ снимките се гледа дека топката е зад гол линијата.

На крајот натпреварот заврши без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот