Премиер лигата формираше фонд за помош на здравството

twitter.com/SpursOfficial

Оваа објава преку Твитер се и капитените на Ливерпул, Тотенхем и Манчестер јунајтед, Џордан Хендерсон, Хари Кејн и Хари Мегвајер.

Фудбалерите на Премиер лигата започнаа добротворна кампања за собирање средства за да му помогнат на британскиот Национален здравствен систем во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Како што се вели во соопштението на играчите, во текот на минатата недела одржани се неколку разговори во насока на создавање фонд што може да им помогне на секој на кој му е потребен за време на кризата со вирусот Ковид 19.

– Ова е тешко време за нашиот здравствен систем и нашата група е подготвена да помогне колку што може. Играчи од сите екипи во Премиер лигата работеа на оваа иницијатива „ИграчиЗаедно“, која има за цел да донира пари брзо и на оние на кои им треба најмногу. Помагаме сите заеднички играчи заедно и нема разлики во клубовите. Се надеваме дека, како и многумина во нашата земја, ќе можеме да направиме разлика – се вели во соопштението.

Меѓу играчите кои ја споделија оваа објава преку Твитер се и капитените на Ливерпул, Тотенхем и Манчестер јунајтед, Џордан Хендерсон, Хари Кејн и Хари Мегвајер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот