Премиер лигата е главната цел за Ливерпул

Европскиот шампион Ливерпул, во идната сезона со сите сили ќе ја нападне титулата во Премиер лигата. Минатата сезона Ливерпул освои 97 бодови во Премиер лигата, но остана без трофејот за само еден бод, Манчестер сити ја освои титулата со 98 бодови.

Утехата за „црвените“ беше триумфот во ЛШ, но сопственикот на клубот, Џон Хенри сака по пауза од 30 години, Ливерпул да стане англиски шампион.

– За мене титулата во Лигата на шампионите Европа е поважна од таа во Премиер лигата, но навивачите имаат право што сакаат домашна титула. Тоа е причината зошто ние ќе се фокусираме на Премиер лигата во новата сезона. Најважно е да останеме здрави во текот на целата сезона. Потребен ни е здрав Алекс Окслејд Чембрлен, како и Адам Лалана. Имам добро претчуство за наредната сезона – изјави Хенри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот