Премиер лигата: Дали шампионот Ливерпул ќе го надмине рекордот на Сити?

фото: твитер

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека не му е премногу важно дали неговиот тим ќе го сруши рекордот по бројот на освоени бодови во една сезона, важно се само победите.

Редси во средата го совладаа Брајтон со 3:1 и тоа беше нивна 30 победа во сезоната.

Видов две многу добри екипи, желни за надигрување. Тие играа храбро, но имавме решение за нивно формација. Брајтон заслужи да постигне гол. После тоа моравме малку да се прилагодиме – рече Клоп.

Клубот од „Енфилд“ на четири кола до крајот на сезоната во Премиер лигата има моментно 92 бодови и многу е блиску да го надмине рекордот кој пред две сезони го оствари Манчестер сити со освојувањето на точно 100 бодови.

Тоа за мене не е важно. Ништо од тоа не ме интересира. Само сакам да победувам. Верувам дека е тоа е важно за луѓето кои го следат спортот. Ние сме шампиони, сакаме само победи до крајот – додаде германскиот менаџер.

Ливерпул продолжува во шампионски ритам, Сити го растури Њукасл и постави неверојатен рекорд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот