Премиер лига: Во 96 минута избега триумфот на Јунајтед! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 35 коло во најсилното англиско првенство екипите на Манчестер јунајтед и Саутемптон ремизираа 2:2.

Поведоа гостите со погодокот на Армстронг во 12 минута после асистенцијата на Редмонд. За три минути во првото полувреме „црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт благодарение на Решфорд и Марсијал.

Играчите на Оле Гунар Солскјер беа многу блиску да ја продолжат победничката серија, но истата заврши во 96 минута кога бод за составот на Хазентал донесе Обафеми.

На три кола до крајот на сезоната во Премиер лигата Јунајтед ги одржува шансите за учество во Лигата на шампионите, моментно е на петтото место со 59 бодови колку што има и четвртопласираниот Лестер, а еден повеќе има Челси на третата позиција.

Саутемптон кој веќе го обезбеди опстанокот, се наоѓа на 12 место со 45 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот