Премиер лига: „Тоне“ бродот на Солскјер?! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Избраниците на менаџерот Оле Гунар Солскјер одиграа нерешено (2:2) во 14. коло на свој терен против Астон Вила. Како што и почна сезоната со веќе неколку големи откази, Покетино во Тотенхем, Емери во Арсенал, можно е наскоро да се случи и за Солскјер на „Олд Трафорд“.

Ова е дури шестото реми за екипата од „Олд Трафорд“ во тековната сезона, Астон Вила поведе уште во 11. минута со голот на Грилиш.

Израмнувањето дојде пред паузата со автоголот на Хитон, а Манчестер јунајтед направи пресврт во 64. минута со погодокот на Линделоф.

Конечниот епилог беше поставен во 66. минута со погодокот на Мингс за вкупно трето реми сезонава за играчите на менаџерот Смит.

Во останатите три средби од неделната програма, без победник завршија и мечевите Норич-Арсенал (2:2) и Вулверхемптон-Шефилд јунајтед (1:1), а Лестер со 2:1 дома беше подобар од Евертон.

На табелата Ливерпул е на врвот со 40 бодови, пред Лестер со 32, додека Манчестер јунајтед е дури на деветтата позиција со 18 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот