Премиер лига: Навивачите во ограничен број се враќаат на трибините

epa07610897 Chelsea fans cheer prior to the UEFA Europa League final between Chelsea FC and Arsenal FC at the Olympic Stadium in Baku, Azerbaijan, 29 May 2019. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Денеска Премиер лигата објави дека ограничен број навивачи ќе можат да се вратат на стадионите за последните две кола сезонава..

Натпреварите во Англија се одржуваат без публика од јуни 2020, освен кратката пауза кон крајот од минатата година кога беше дозволен помал број на навивачи пред повторно бројот на позитивни случаи на ковид-19 да се зголемува. Но, еве повторно навивачите ќе се вратат, во ограничен број, по 17 мај, во согласност со планот на тамошната Влада во ублажувањето на мерките.

– Навивачите се очекува да можат да се вратат на стадионите од 17 мај во намален капацитет, а конечната владина одлука за предвидените термини ќе биде објавена најдоцна до 10 мај. По консултација со клубовите, беше договорено натпреварите да не бидат отворени за гостинските навивачи, поради различните оперативни предизвици и потребата од постојан пристап, притоа максимално да се зголемат можностите за присуство на домашните навивачи – се вели во соопштението на лигата.

Премиер лигата потврди дека распоредот на натпреварите е променет за да се овозможи секој клуб да има по еден домашен натпревар со навивачите пред крајот на сезоната. Претпоследното коло се игра од 18 до 19 мај, а последните натпревари во оваа сезона се играат на 23 мај.

Во финалето од Лига купот помеѓу Манчестер сити и Тотенхем на 25 април присуствуваа 8.000 гледачи, додека 21.000 навивачи се очекуваат во финалето на ФА купот (Челси-Лестер) на 15 мај на „Вембли“ стадионот во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот